Стопирани барањата за субвенции во Струмица

Bez autora
Nov 05 2011

Струмица - Струмичките земјоделци се револтирани поради запреното поднесување барања за субвенции. Тие вчера протестираа пред подрачната единица на Министерството за земјоделство, реагирајќи затоа што воопшто не биле информирани за дел од документите потребни за субвенционирање на производството. Не' третираат како кучиња и си играат мајтап со нас. Денеска важат едни, утре други документи. Имаме сериозни проблеми со документите. Прво ни рекоа дека треба да извадиме девет документи и кога ги донесовме, наместо да ги примат, извадија нов список за документи. Велат, чекале нешто од Скопје. Земјоделците што протестираат се пожалија дека им се бара договор склучен директно со преработувачката индустрија, документ кој тие го немаат, бидејќи производството го даваат на откупните пунктови. До пред два дена немаше проблем, сега наеднаш се појави. Можеби им се видоа многу барања и треба да дадат повеќе пари, па сега измислуваат нови документи.

Стопирани барањата за субвенции во СтрумицаСтрумица - Струмичките земјоделци се револтирани поради запреното поднесување барања за субвенции.

Тие вчера протестираа пред подрачната единица на Министерството за земјоделство, реагирајќи затоа што воопшто не биле информирани за дел од документите потребни за субвенционирање на производството.

„Не' третираат како кучиња и си играат мајтап со нас. Денеска важат едни, утре други документи. Имаме сериозни проблеми со документите. Прво ни рекоа дека треба да извадиме девет документи и кога ги донесовме, наместо да ги примат, извадија нов список за документи. Велат, чекале нешто од Скопје“, рече Ѓорѓи Стајковски, земјоделец од селото Добрашинци.

Земјоделците што протестираат се пожалија дека им се бара договор склучен директно со преработувачката индустрија, документ кој тие го немаат, бидејќи производството го даваат на откупните пунктови. „До пред два дена немаше проблем, сега наеднаш се појави. Можеби им се видоа многу барања и треба да дадат повеќе пари, па сега измислуваат нови документи“, велат земјоделците.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство потврдија дека запреле со примањето документи, но причината ја лоцираа во откриените неправилности, а не дека немале пари за исплата.

„Забележавме дека многу од откупувачите што треба да им помогнат на земјоделците почнаа да носат барања дека се производители. Има откупувачи што пријавиле производство од 200, па дури и 600 тони пиперки од сортата ’куртовска капија‘. Кога видов какви манипулации се прават од откупувачите што аплицираа преку мајки, татковци, жени и деца, јас стопирав се' и почнавме да работиме според упатството од Владата. Ние ќе им помогнеме на правите земјоделци, но прво сакаме да ги испитаме злоупотребите. Можеби некои функционери им ветувале дека ќе добијат пари, но нека дојдат сега мене да ми наредат. Субвенции ќе има само за чесните земјоделци“, изјави Мојсеј Трајковски, раководител на ПЕ на Министерството за земјоделство во Струмица.

До пред два дена се поднесени 840 апликации за субвенции на градинарските култури. Нови барања ќе продолжат да се примаат откако ќе бидат отстранети неправилностите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik